Како прво за оние кои сакаат да го продадат својот движен и недвижен имот
- најпрво треба да ја пополните една од
пријавите за понуди ( има три: за Транпортни средства, за Материјални добра и за Недвижен имот )
за кое сте заентересирани нештото ( предметот, производот или стварта ) да се продаде, понатака да го запамтите и зачувате фајлот во некој фолдер а после тоа фајлот kako и други слики и видеа доколку ги имате да ги испратите на нашиот е-маил: info@auctionhouse.mk - Пред да ја објавиме аукцијата треба да го договориме датумот на аукцијата, начинот и местото, дали може да се види, кога и каде и нормално потребно е да уплатите еднократно на нашата сметка според тарифникот.
Без разлика дали планирате дирекно учество или онлајн, треба да ја завршите што поскоро вашата регистрација во нашиот систем како би можеле веднаш или денес да учествувате на аукциското наддавање.
Обавезно прочитајте ги Услови и Правила во КУПУВАЊЕ – ПРОДАВАЊЕ
Сите купувачи се смета дека се задоволни многу пред понудата
ТАРИФНИК
Надоместоците за администрирање на понудувачите се фиксни и тоа:
за материјални добра 150 ден.
за транспортни средства 300 ден.
за недвижен имот 600 ден.
Доколку сакате да Ви се објави понудата, потребно е да уплатите еднократен износ според тарифникот кој горе е наведен и тоа на следнава сметка:
Аукциска куќа-Бисер Мак жиро с-ка 200000027756348, на Стопанска банка,
Се што ќе се продаде е предмет на премија и тоа:
1. 5-15%, на транспортни сресдства
2. 10%,материјални добра
3. 2 +2% ,недвижен имот освен ако не е поинаку наведено или договорено
За категориите од Државните заплени и категорија на Извршители, стечај и ликвидација, наградата е 30% од продавачот на продаденото
Провизијата нема да се наплаќа ако не е направено купување
Целиот движен и недвижен имот се продава по принципот видено – купено а аукциската куќа го задржува правото да не одговара по ниеден основ, освен ако не е поинаку наведено од страна на аукционерот.
Правила за лицитирање:
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат:
- Физички лица
- Правни лица.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица кои сакаат да учествуваат на аукциските лицитации задолжително е :
1.морате да се регистрирате на системот ( одите во најава )
2. да уплатите депозит како гаранција. Висината на депозитот ја определува Аукционерот.
3. на самата предложена аукција се надаваат (лицитираат), согласно условите од електронската објава
4. на понудувачите чија понуда не е прифатена, депозитот(гаранцијата) им се враќа веднаш по заклучување на јавното надавање.
5. понудувачот кој ќе постигне највисока цена станува сопственик на предметот и е должен постигнатата сума да ја уплати во рок од три дена од завршување на јавното надавање, намалена за положениот депозит.
6. доколку купувачот не ја уплати сумата ќе се смета дека КУПУВАЧОТ се откажал од предметот на продажба.
7. Аукциската куќа го користи правото на задржување на внесениот депозит ( гаранција).
8. во случај да не успее процесот на дадената аукција од било какви причини, аукцијата повторно се активира со истите параметри